Зголемен бројот на туристи
Македонија во февруари годинава ја посетиле 36.869 туристи кои оствариле 79.860 ноќевања што претставува зголемување на бројот на туристи за 13,6, а на бројот на ноќевања за 10,3 отсто во споредба со истиот месец од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во февруари годинава, во однос на истиот месец од 2016 година, е зголемен за 15,9 проценти, а бројот на странските туристи пораснал за 12,2 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 1,1, додека бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17,8 проценти.
Во периодот јануари-февруари 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13,4 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 12,7, а кај странските за 13,9 отсто. Бројот, пак, на ноќевањата пораснал за 11,1 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 4,2, а кај странските за 16,6 отсто.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024