Бизнис
31. July 2018 - 15:20

Зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во јуни годинава е зголемен за 7,3 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, а во првите шест месеци од 2018 година пораснал за 7,5 отсто во однос на истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст од 2,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 8,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,2 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата има пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,7  отсто, Капитални производи за 22,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто, а опаѓање има кај Енергија за 0,7 проценти и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 1,3 проценти.