Зголемен бројот на превезени патници во патниот превоз
Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во третото тримесечје од 2022 година изнесува 10 395 илјади и во однос на истиот период лани е зголемен за 7.1 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 7.6 %, во приградскиот превоз за 5.6 %, во меѓуградскиот превоз за 5.5 %, а во меѓународниот превоз за 45.3 %.
Во третото тримесечје од 2022 година, во однос на истиот период од 2021, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 19.7 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 6.7 %, во приградскиот превоз за 1.6 %, во меѓуградскиот превоз е намален за 3.4 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 41.1 %.
Ново на Сител
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат