Македонија
26. јуни 2022 - 19:42

Зголемен број колабирања поради високите температури

И болни и здрави на удар од пеколните горештини. Десетина колапси дневно евидентираат во скопската брза помош овој топол период. Утринава се онесвестила млада девојка а друга паднала од мотор најверојатно поради губење на концентрацијата. Кога веќе излегуваат да не бидат гладни и жедни, велат лекарите предупредувајќи дека дехидратацијата може да биде сериозна здравствена закана.

-Седум до осум а некогаш и повеќе колапси дневно. Сега што е причината...кај младите најверојатно што не јаделе доаѓа до дехидрирање и трба тешности...секогаш при рака ако се во можност да имаат вода, ако почувствуваат главоболка, вознемиреност, да се засолнат на сенка или во климатизирана просторија ако има услови, вели др. Ирина Манчевска Настовска од Брза Помош Скопје.

Денеска екипа од скопската брџза помош интервенирала и кај лице со епилепсија кое поради топлото време добил напади во надворешни услови. Лекарите велат хронично болните се посебно погодени од горештините и затоа треба да ги почитуваат препораките на лекарите за летниот период.

-Кардиоваскуларните болни, оние со респираторни заболувања се погодени од овие високи температури и затоа ги советуваме да не излегуваат кога е топло, редовно да ја пјат терапијата, да се разладуваат, исто така и лицата со невролошки заоблувања се погодени од горештините, вели др. Настовска.

Пеколните температури доведуваат и до хипогликемија односно нагло паѓање на шеќерот во крвта а симптомите се слични како и кај мозочен удар. Лекарите велат најдобра прва помош за оваа состојба е лажичка мед се додека дојде лекарска екипа.

Скопската Брза Помош овој период има од 300 до 400 јавувања и стотина интервенции дневно.