Балкан
26. September 2017 - 12:13

„Зери“: Во декември првите обвиненија за воени злосторства на Косово

Првите обвиненија од Специјалниот суд за воени злосторства на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК) ќе бидат подигнати во декември, а следниот месец се очекува доаѓањето на одреден број специјални обвинители во Косово, кои ќе ги сослушаат некои од осомничените, меѓу кои и истакнати политичари.

Во надлежност на Специјалниот суд се обвиненијата против лидерите на ОВК, осомничени за злосторства направени во периодот од 1. јануари 1988 до 31 декември 2000 година.

Според приштинскиот весник „Зери“, во ноември во Приштина ќе пристигнат специјални обвинители да ги сослушаат осомничените, меѓу кои се и некои важни политички личности.

Високи функционери од специјалните судски служби потврдија дека биле подготвени за првите обвиненија на Специјалното обвинителство, но не сакаат да изнесуваат детали во врска со истрагата и времето кога тие би можеле да бидат поднесени.