Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди грчкиот остров Крит
Земјотрес со јачина од 6,1 степени утрово го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС).
Земјотресот се случил на длабочина од 68,9 километри, со епицентар лоциран на околу 58 километри североисточно од малиот град Елунда.
Локалните жителите за грчките медиуми изјевиле дека земјотресот траел невообичаено долго. Сепак, перцепираното времетраење на земјотресите не е нешто што официјално го бележат агенциите за следење, пренесе ДПА.
Според грчкиот весник „Прото Тема“, земјотресот силно се почувствувал и на Пелопонез, Кикладите, дури и до Кипар.
Танасис Ганас, шеф на одделот за истражување во Геодинамичкиот институт во Атина рече дека не очекува речиси никакви последователни потреси.
Како мерка на претпазливост, грчката управа за справување со катастрофи издаде предупредување за цунами, испраќајќи СМС пораки до луѓето во погодениот регион. Сепак, цунами не е регистриран.
Потресот доаѓа само неколку дена по серијата помали земјотреси што го потресоа северниот дел на Евија, вториот по големина остров во Грција.
Ново на Сител
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“