Балкан
8. September 2022 - 10:28

Земјотрес со јачина од 5,4 степени во Јонското море

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистриран утрово во Јонското море, западно од островите Кефалонија и Закинтос, јави дописничката на МИА од Атина.

Според првичните информации нема повредени или материјална штета.