Свет
11. May 2023 - 11:16

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Токио - има повредени лица

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Токио и неговата околина, при што се повредени четири лица и причинета е мала материјална штета, објавија локалните власти и медиумите.

По земјотресот неколку возови биле откажани или доцнеле.

Епицентарот на земјотресот бил во префектурата Чиба, југоисточно од Токио, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Не е издадено предупредување за цунами.