Балкан
8. March 2024 - 9:41

Земјотрес со јачина од 4,6 степени на грчкиот остров Родос

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во морското подрачје, во непосредна близина на грчкиот остров Родос.

Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри североисточно од градот Родос, на длабочина од 60 километри, јавува ТВ ЕРТ.

Земјотресот е почувствуван и на брегот на Турција, вели Катимерини.