Балкан
28. February 2021 - 15:20

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер регистриран на грчкиот остров Закинтос

Денес во 14:26 часот во близина на грчкиот остров Закинтос регистриран е земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер.

Според податоците на Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 13 километри северо-источно од Волимс и на длабочина од 10 километри, јави АНА.

Засега нема податоци за можни жртви или материјална штета.