Балкан
22. April 2023 - 11:19

Земјотрес од 4,5 степени на грчкиот остров Евија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени беше регистриран претпладнево на грчкиот остров Евија според официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија. 

Засега нема информации за повредени или материјална штета, а земјотресот во југоисточниот дел на Евија беше почувствуван и во Атина.