-->
-->
Земјотрес на Нов Зеланд
-->
Земјотрес со интезитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска реонот на новозеландскиот град Крајстчрч, јави ТАСС.
Како што соопшти Американскиот геофизички институт, земјотресот бил на далбочина од осум километри под површината на земјата, со епицентар на 17 километри североисточно од Крајстчрч, град на источниот брег на Јужниот Остров.
Досега нема информации за човечки жртви и за материјални штети.
Нов Зеланд се наоѓа во сеизмички активното подрачје на Тихиот Океан. Досега најсилниот земјотрес во оваа осторвска држава, со интензитет од 7,8 степени по Рихтер, е регистрирам во 1931 година, кога загинале 256 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад
-
Активности на премиерот Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен
-
Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени
-
Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД
-
Трамп нареди укинување на федералното финансирање на сите што бараат задолжителна вакцинација на учениците против Ковид-19
-
Утрото магливо, а потоа променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата