Свет
2. јуни 2016 - 10:07

Земјотрес ја погоди Индонезија

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел од индонезискиот остров Суматра, соопшти локалната Агенција за метеорологија, геофизика и климатологија.

Како што јави ДПА, засега нема податоци за жртви или предизвикани материјални штети, а не е објавена ниту оспаност за можна појава на цунами. 

Потресот се случил во 7:56 часот според средноевропско време. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 79 километри југозападно од градот Песисир Селатан.