-->
-->
Земјотрес и во Охридско
-->
Земјотрес со магнитуда од 2,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, во 9 часот и 58 минути, во охридското епицентрално подрачје.
- Земјотресот, почувствуван во Охрид и околината, бил со интензитет од три степени според Европската макоросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Од 18. минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена. Најсилниот се случи на 20 минатиот месец во 15 часот и 10 минути и беше со магнитуда од 3,6 стпени според Рихтер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ