Балкан
4. October 2017 - 12:33

Земјотес го стресе грчкиот полуостров Пелопонез

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтер денеска ја погоди областа Месинија, на грчкиот полуостров Пелопонез.
 
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 63 километри западно од Филиатес и 77 километри јужно од островот Закинтос на длабочина од 60 километри под површината на земјата.
 
Засега нема податоци за повредени лица и направена материјална штета.