Македонија
17. March 2023 - 12:23
Земјоделските производи ќе стануваат се поскапи
Замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот ќе предизвика недостаток од земјоделски производи на пазарите. Скапата нафта, енормно покачените репроматеријали и недостатокот од работна рака веќе ги демотивираа земјоделците да се занимаваат со одгледување на градинарски култури.
- Работната рака слаба и нафтата скапа, тешка работа ќе биде. Колку што се работеле, двојно ќе се откажат, ќе немаме доволно производство на зеленчук и овошје. Многу е скапа работната рака, од тој аспект не смееме да ги замрзнеме цените, изјави Маре Стојанова, земјоделка.
Намалувањето на бројот на земјоделци, продуцира и драстично намалување на површините засадени со земјоделски производи.
- Осум души бевме ние на нашето земјоделие што работевме пред 5-6 години. Работевме по 12 декари бавча (градина). Имавме овоштарник, имавме бостан, лозје. Само бавча, со зеленчук работевме 12 декари, а сега не можам да сработам ниту 2 декари- додаде Стојанова
Еклатантен пример како недостатокот на производот ја зголемува побарувачката е кромидот, кој достигна цена од 80 денари за килограм. Производителите велат дека оваа цена ќе остане актуелна се до почетокот на месец мај, кога ќе почне да се продава младиот кромид.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->