Свет
8. February 2024 - 14:04

Земјоделците во Шпанија и денеска со трактори го блокираа сообраќајот во градовите

Земјоделците во Шпанија и денеска со трактори го блокираа сообраќајот во градовите низ државата, интензивирајќи ги протестите и барајќи намалување на даноците и укинување на правилата на ЕУ, бидејќи, како што тврдат, тие се помалку конкурентни од земјоделците надвор од Унијата.

Протестите започнаа спонтано во вторникот и се поддржани од трите главни шпански здруженија на земјоделци во земјата.

Десетици трактори денеска го опколија регионалниот парламент во Барселона, откако земјоделците ја поминаа ноќта во центарот на тој град.

Земјоделците на трактори го прекинаа сообраќајот и во помалите градови низ земјата, вклучувајќи ги Авила и Виторија.