Балкан
2. December 2021 - 16:37

Земјите од регионот преземаат строги мерки за зголемување на опфатот на вакцини

Парично казнување за оние кои не се вакцинирани, а ќе завршат во болница поради коронавирус. Ваква иницијатива предлагаат лекари во Словенија каде здравствениот систем е преоптоварен од ковид пациенти. За словенечките експерти е логично невакцинирани кои мора да бидат хоспитализирани поради вирусот да платат дополнителна партиципација односно дел од своето лекување.

Нашиот јужен сосед оди и чекор понапред и во грчкиот парламент е усвоен законски амандман со кој вакцинацијата против Ковид-19 е задолжителна за лицата над 60 години, пренесоа агенциите. 

Претходно, премиерот Мицотакис донесе и одлука за месечна парична казна од 100 евра за секој постар граѓанин кој нема да прими вакцина до 16 јануари. 

Инаку во Грција е регистриран и првиот случај на Омикрон и тоа кај државјанин од островот Крит кој бил на патување во јужна Африка. Новиот сој веќе е потврден во повеќе од 20 земји а научниците се уште истражуваат дали е поопасен и позаразен од останатите варијанти. 

Дополнителни мерки поради ширењето на омикрон донесе и соседна Србија. Сите патници кои доаѓаат од Африка на српските аперодроми ќе бидат подрлежни на ПЦР тестирања.