Свет
13. December 2016 - 14:08

Земјите од Персискиот Залив активно поддржуваат радикални исламисти во Германија

Саудиска Арабија, Кувајт и Катар се повеќе ги поддржуваат припадниците на германските муслимански организации кои промовираат фундаменталистичка интерпретација на Исламот, објавуваат германските медиуми, повикувајќи се на извештаи на странски и домашни разузнавачки агенции.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, верски организации од ове три земји испраќаат исламски свештеници и пари за изградба на џамии и училишта во германија.

Според информациите на германските разузнавачи, целта на овие органзиации е ширење на ултраконзервативниот Ислам во Германија.

Анализите на безбедносните служби покажуваат дека во Германија сега живеат околу 9.200 членови на радикалната салафистичката мрежа, која покрај другите нелегални активности, регурутира и борци за редовите на групата Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак.

Дополнителна опасност германските агенции гледаат во можноста салафистите да влијаат на радикализација на бегалците сунити.

Германската Влада во последниве години постојано ја повикува владата на Саудиска Арабија да запре со поддршката на радикалните исламисти во Германија, на што официјален Ријад се брани со тезата дека верските организации се независни од државата, но и дека тие се брана од ИД, пренесува Дојче Веле.

Разузнавачките извештаи наведуваат дека во Германија функционираат три верски организации помогнати од земјите од Персискиот Залив - Хуманитараната Фондацијата Шеик Еид од Катар, Светската муслиманската лига од Саудиска Арабија и Друштвото за обнова на исламското наследство од Кувајт.