Земан: Русите кои бегаат од мобилизација заслужуваат азил во Чешка, како и Украинците
Чешкиот претседател Милош Земан се спротивстави на одлуката на владата да не ги прими Русите кои бегаат од мобилизација во Чешка и денеска во интервју за телевизијата Прима предупреди дека луѓето што бегаат од Русија не се безбедносен ризик и оти треба да им се дадат хуманитарни визи.
– Мислам дека треба да им дадеме хуманитарни визи на тие луѓе, како и на украинските бегалци.
Човек што бега од Русија не е безбедносен ризик. Оваа мобилизација опфаќа милион луѓе, па сосема е јасно дека е топовско месо со се што оди со тоа, рече чешкиот претседател.
Шефот на дипломатијата, Јан Липевски пред неколку дена изјави дека Чешка нема да дава хуманитарни визи за Русите кои бегаат од мобилизација бидејќи не ги исполнуваат условите, но премиерот Петр Фијала го коригира својот министер и рече дека Прага ќе ги третира потенцијалните руски дезертери како и сите други луѓе кои бараат азил во Чешка.
– Ако некој дојде, неговото барање ќе биде разгледано во рамките на стандардната процедура за добивање азил. Нема сигнали за прилив на Руси кои би сакале да ја избегнат владината мобилизација, рече чешкиот премиер. Чешка, како прва членка на Европската унија, самоиницијативно го суспендираше издавањето визи за руските граѓани, ден по рускиот напад на Украина, на 25 февруари.
Подоцна го прошири и на Белорусија, а единствен исклучок се хуманитарните визи, меѓу кои и оние за прогонетите противници на властите во тие две земји. Земан во денешното интервју за ТВ Прима оцени и дека во Русија „е можна промена на режимот, без разлика дали тоа ќе го иницираат бизнисмени или армијата“ и оти споредбите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Адолф Хитлер се неправедни.
– Армијата покажа толку голема неспособност што нема да биде иницијатор за никаква промена, можностите на бизнисите се ограничени со санкции, а не зборувам за одземање на јахти. Доколку дојде до политички промени тоа го гледам како притисок од деловните кругови, рече Земан.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри