-->
-->
Земан ја обвини групата Муслиманско братство за миграциската криза во Европа
-->
Чешкиот претседател Милош Земан ја обвини фундаменталистичката група Муслиманско братство за миграциската криза во Европа.
Таа исламистичка организација е прогласена за терористичка и е забранета од египетската Влада во 2013 година, откако армијата го собори од власт претседателот исламист Мохамед Морси.
Земан неодамна ги оквалификува бранот мигранти како „организиран упад“, а во интервју за Чешкото радио денеска тој рече: „Сметам дека тоа е упад организиран од Муслиманско братство“.
Земан додаде дека таа информација ја добил од ОАЕ и од Мароко.
– Според податоците таа организација им служи како „чадор“ на исламистичките екстремисти и сака да го води целиот свет, нагласи Земан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба