Свет
5. September 2022 - 10:33

Зеленски тврди дека напредува офанзивата во јужна Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање до нацијата предупреди на тешка претстојна зима и извести за напредокот во контраофанзивата против руските сили.    

Тој им се заблагодари на украинската армија за заземање на две места во јужна Украина и едно во источниот дел на земјата. Украина минатата недела почна контраофанзива во јужниот дел на земјата, посебно во регионот на Херсон, што Русија го зазеде на почетокот од инвазијата.