Зеленски: Соработуваме со британска компанија за изградба на база за производство на оружје
Украина соработува со големата британска одбранбена компанија BAE Systems за создавање украинска база за производство и поправка на оружје – од тенкови до артилерија, изјави претседателот Володимир Зеленски.
Зеленски го објави ова по разговорите со високи функционери на компанијата, вклучително и извршниот директор Чарлс Вудбурн.
„Ова навистина е огромен производител на оружје, оружје што ни треба сега и ќе продолжи да ни треба“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.
„Работиме на создавање соодветна база во Украина за производство и поправка. Ова опфаќа широк опсег на оружје, од тенкови до артилерија“, додаде шефот на државата.
Зеленски рече дека двете страни се договориле да започнат со работа на отворање канцеларија на компанијата во Украина.
Ново на Сител
-
Шефовите на дипломатиите на Хрватска, Австрија и Словенија: Западен Балкан во ЕУ што е можно поскоро
-
Тропската бура „Филип“ се заканува да ги поплави Заветринските острови на Карибите
-
Во септември имало 778 пожари, само викендот 95 пожари
-
Бугарија забрани влез на автомобили со руски регистарски таблички
-
Објавени добитниците на Нобеловата награда за медицина и физиологија
-
Загина 18-годишно момче на автопатот Гостивар - Тетово
-
Спасовски: Цврсто стојам на ставот дека со законскиот текст за амнестија не се постигнуваат ефекти
-
Ципрас во приватна посета на Струмица на покана од Заев