Свет
4. October 2022 - 13:28

Зеленски со декрет исклучи можност за преговори со Путин, но не и со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со кој формално ги прогласува изгледите за какви било преговори меѓу Украина и рускиот претседател Владимир Путин за „невозможни“.

Указот ги формализира изјавите на Зеленски дадени во петокот, откако Путин прогласи четири украински региони за руска територија.

Тој (Путин) не знае што е достоинство и чест. Затоа, ние сме подготвени за дијалог со Русија, но со друг претседател на Русија – рече тогаш Зеленски, потсетува Гардијан.

Указот беше подготвен од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина на 30 септември. Во една од одредбите на декретот се наведува дека Украина одлучила дека не е можно да се водат преговори со Путин.