Зеленски: Русија загуби 38.000 војници во Курската област
Во операцијата во Курск, непријателот веќе загуби 38,000 војници само на оваа насока, од кои околу 15,000 се неповратни загуби, тврди Зеленски.
Тој додаде дека украинските сили создале тампон-зона во Курската област и дека нивното напредување ја спречило Москва да распореди сили на клучни фронтови во Украина.
Украина започна офанзива во Курската област во август, при што зазеде територии, иако руската армија тврди дека вратиле значителен дел од нив.
Киев изјави дека неговите сили започнале нова офанзива, но без многу детали.
Според проценките на Украина и западните сојузници, околу 11,000 севернокорејски војници се борат во регионот заедно со руските сили. Москва не го потврди ниту демантираше ова присуство.
Вчера, руското Министерство за одбрана соопшти дека украинската офанзива е запрена и дека главните сили биле уништени кај селото Бердин.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени