Зеленски: Русија веднаш да ги прекине нападите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди руското бомбардирање на Украина, во кое во текот на ноќта во Киев загинаа најмалку девет лица, и притоа ја повика Русија „веднаш да ги запре“ нападите.
„Поминаа 44 дена откако Украина се согласи на целосен прекин на огнот и прекин на воздушните напади… И поминаа 44 дена откако Русија продолжува да го убива нашиот народ“, изјави украинскиот лидер на мрежата X.
Тој додаде дека „воздушните напади мора веднаш и безусловно да се прекинат“.
Зеленски рече дека ја прекинува посетата на Јужна Африка и се враќа дома откако Русија го нападна Киев.
Русија синоќа истрела 70 проектили и 145 беспилотни летала врз шест региони на Украина, соопшти украинското воздухопловство.
Воздухопловните сили „откриле и следеле 215 непријателски воздушни цели“, од кои 112 биле уништени, се наведува во соопштението на Телеграм.
Ново на Сител
-
Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата и ги повика и граѓаните да го сторат тоа
-
Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола
-
АХВ со стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици
-
Рубио: Се надевам на скоро дипломатско решение за завршување на војната во Украина
-
Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан
-
Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција
-
Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје