Зеленски повика на акција во обраќањето до ОН, Русија одговори дека тоа е „ПР кампања“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот пред Обединетите нации ја обвини Русија дека е „терористичка држава“, а таа одговори дека тој го искористил своето обраќање до Советот за безбедност за „далечинска ПР кампања“ во обид да добие уште западно оружје.
Зеленски бара Советот за безбедност да ја исфрли Москва од ОН и да формира суд кој ќе ги истражи дејствијата на руската војска во Украина, која ја изврши инвазијата на 24 февруари. Меѓутоа, Русија има право на вето во Советот и може да се заштити од каква било таква акција.
„Русија нема право да учествува во дискусии и гласање за војната во Украина, која со ништо не е предизвикана и едноставно е колонијалистичка. Ве повикувам да го одземете овластувањето на терористичката државна делегација, рече Зеленски во своето обраќање пред Советот за безбедност преку видео врска.
Заменик-амбасадорот на Русија во ОН, Дмитриј Пољански, изјави пред Советот дека појавувањето на Зеленски преку видео врска го нарушува авторитетот на телото задолжено за одржување на меѓународниот мир и безбедност.
„Советот за безбедност на ОН не треба да се претвори во платформа за далечинска ПР кампања на претседателот Зеленски за да добие повеќе оружје од учесниците на самитот на НАТО“, рече Пољански.
Советот се состана откако Украина соопшти дека рускиот ракетен напад кон трговски центар во понеделникот, при што се убиени 18 луѓе, бил намерно насочен.
Русија негираше дека го погодила трговскиот центар со проектили, велејќи дека погодиле складиште за оружје, предизвикувајќи експлозија од што настанал пожар во трговскиот центар. Таа исто така тврдеше дека трговскиот центар не е во функција.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера