Зеленски: Неделата беше моќен ден на фронтот, особено кај Бахмут
Висок украински функционер изјави дека во неделата се воделе тешки борби во североисточниот дел на земјата, наведувајќи дека украинските сили ги држат своите борбени линии и постигнуваат успешен напредок на некои места.
Во меѓувреме, руската армија соопшти дека ги запрела нападите на украинските сили на североисток. Руските власти објавија и дека во обидот за украински напад со дронови врз Москва во неделата вечерта, биле соборени три дронови, како и дека е оштетена фасадата на повеќекатната зграда во која се сместени канцелариите на руската влада.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша неделата како „добар, моќен ден“ на фронтот, особено на линијата на конфликтот кај Бахмут, „каде што украинските сили ги враќаат областите што беа преземени од руските сили во мај“.
Украина не ја презеде директно одговорноста за нападите со беспилотни летала, но Зеленски рече дека војната „постепено се враќа на територијата на Русија, кон цели кои имаат симболично значење“.
Синоќа руските сили извршија серија нови ноќни воздушни напади кои погодија „нестанбена зграда“ во градот Харков во североисточна Украина, но според официјални лица нема жртви.
Зеленски објави дека по расчистувањето на урнатините на местото на саботниот руски напад врз градот Сума во северна Украина, во кој беше погодено училиште, било утврдено дека животот го загубиле две лица.
Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар рече дека руските сили се обиделе да ги потиснат украинските војници од „напредните позиции“ во североисточна Украина, кои руските сили ги освоија на почетокот на конфликтот со Украина во февруари 2022 година, но кои подоцна беа вратени под контрола на украинските сили.
Малиар, зборувајќи на украинската национална телевизија, рече дека клучна задача на Русија е да го одвлече вниманието на украинските сили од областа Бахмут, каде што се спроведува „успешна украинска офанзивна воена операција“.
„Тие напаѓаа бескрајно оваа недела. Но, нашите војници се спротивставија на тие напади и понекогаш ги враќаа назад, предизвикувајќи им големи загуби“, рече таа.
Ново на Сител
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години
-
Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва