Зеленски: Најжестоките судири во војната против Русија беа минатонеделните во Доњецк
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во текот на неделата најжестоките судири во војната против Русија биле концентрирани во градовите на Доњецката област, Бахмут и Соледар.
Зеленски преку својот профил на Телеграм сподели информации за најновите случувања поврзани со војната против Русија во неговата земја.
Истакнувајќи дека борбата на украинската армија против руските сили продолжува во различни делови на неговата земја, Зеленски укажа на фактот дека најжестоките судири се случија во Доњецк, особено во изминатата недела.
„Во текот на оваа недела најжестоките судири се интензивираа во Бахмут и Соледар во Донбас. Ние ги држиме нашите позиции. – рече Зеленски.
Истакнувајќи дека од САД за Украина е одобрен дополнителен пакет воена помош од околу 400 милиони долари, Зеленски рече: „Висината на пакетот е 400 милиони долари. Поточно, станува збор за оклопни возила кои навистина ни се потребни за нашиот напредок“.
Ново на Сител
-
Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина
-
Ајдари за поднесените интерпелации: Владата не успеа да го одржи мирот и да обезбеди меѓуетнички соживот
-
Серија апсења на интервентна полиција, пронајдена дрога
-
Повеќе од 10.000 објекти уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес, штетите над 150 милијарди долари
-
Без вода дел од бул. „Јане Сандански“ поради дефект
-
Приведена битолчанка барана по потерница
-
Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет