Зеленски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ) на крајот на оваа недела, соопштија денеска организаторите.
Тие изразија надеж дека форумот ќе биде искористен како „отскочна даска за напредок кон мирот во Украина“.
На дипломатскиот настан кој ќе се одржи од петок до недела ќе учествуваат и претставници на владата на американскиот претседател Доналд Трамп.
-Претпоставуваме дека дискусиите ќе се одржат на маргините на конференцијата, рече претседателот на МКС, Кристоф Хојсген.
Зеленски неодамна објави дека е подготвен за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин и другите лидери за ставање крај на војната во Украина.
Хојсген рече дека ја гледа посетата на американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог како „показател“ дека конференцијата може да даде можност да се разговара за „контурите“ на мировниот план за Украина.
МКС објави дека на конференцијата ќе учествуваат и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио.
Во петокот Зеленски рече дека Вашингтон и Киев подготвуваат „состаноци и разговори“, без да наведе датум или локација за нив, откако Трамп претходно спомена дека ќе се сретне со украинскиот претседател.
Од друга страна, „засега ниту една земја не изразила желба руските претставници да дојдат“ во Минхен, нагласи Хојсген. Сепак, поканети се опозициски руски невладини организации кои се активни во Русија или во егзил во странство.
Ново на Сител
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството