Зеленски ја критикуваше глобалната безбедносна архитектура, укажа и на конфликтите на Балканот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро ја критикуваше светската безбедносна архитектура како целосно несоодветна, укажувајќи не само на војната во сопствената земја, туку и на конфликтите на Балканот, Тајван, Кавказ. – Сите тие ситуации изгледаат поинаку, иако ги обединува еден фактор: глобалната безбедносна архитектура не функционираше, изјави Зеленски во своето обраќање доцна синоќа.
Тој уште еднаш ја обвини Русија за кршење на меѓународното право во својата, со ништо предизвикана, инвазија на Украина. Зеленски ја нарече 2014 година „пресвртница“, откако меѓународната заедница едноставно ја пуштила Русија да се извлече со незаконски дејствија, како анексијата на Крим или соборувањето на авионот на Малезија Ерлајнс над регионот Донбас во источна Украина. Според украинскиот претседател, војната во Украина покажа колку е кревка слободата.
На светот му е потребна, како што тој појасни, „ефикасна глобална безбедносна архитектура, која обезбедува ниту една држава повеќе никогаш да не може да употреби терор против друга држава“. Зеленски ја обвини Русија и дека само се преправа оти е отворена за мировни преговори. Тој наведе дека Москва, доколку навистина сака мирно решение на конфликтот, моментално нема да се прегрупира во јужна Украина.
Ново на Сител
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор