Свет
14. November 2022 - 11:44

Зеленски го посети ослободениот Херсон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неочекувано го посети Херсон во понеделникот, неколку дена по повлекувањето на руските војници од јужниот украински град по неколкумесечна окупација, јавуваат украинските медиуми.

„Одиме напред“, им рече тој на војниците. „Ние сме подготвени за мир, мир за целата наша земја“.

Тој им се заблагодари на НАТО и на другите сојузници за поддршката во војната против Русија.

Посетата на Зеленски е со висок безбедносен ризик затоа што се претпоставува дека во Херсон има уште руски војници кои не успеале да се повлечат и сега се преоблечени во цивили.