Loading Video...
Свет
15. September 2022 - 20:32

Зеленски доживеа сообраќајна несреќа

Претседателот на Укарина, Володимир Зеленски рано утрово доживеа сообраќајна несреќа во Киев кога приватно патничко возило се удрило во автомобилот на претседателот. Од кабинетот на Зеленски ја потврдуваат информацијата и велат дека во моментот на несреќата претседателот  се враќал од областа Харков.

Според инфромациите од здравствените власти претседателот на Украина се здобил со полесни повреди а возачот од другото возило бил потешко повреден при што на лице место  му била пружена соодветна медицинска помош.

Причината за несреќата е непозната. Полициските службеници ќе истражуваат дали незгодата била случајна или намерна.

Веста за сообраќајната несреќа на Украинскиот претседател пристигнува само ден по гласините за неуспешниот атентат на Рускиот претседател Путин.

Гласината за неуспешниот атентат  на Путин произлегува од објавата на анонимниот профил на Телеграм, Генерал СВР зад кој се претпоставува дека стојат пензионирани членови на разузнавачки служби.

Генерал СВР пишува дека на пат кон резиденцијата во Москва, возилото на Путин кое било трето во колоната било нападнато. Од предното лево тркало се слушнал силен удар, проследен со густ чад. И покрај проблемите со контролата врз возилото, возачот успеал да го напушти местото на нападот и да стигне до резиденцијата. Претседателот не бил повреден.

По обидот за атентат, шефот на телохранителската служба на претседателот и уште неколку лица биле суспендирани и се во притвор. За движењето на претседателот во тој кварт знаеле само тесен круг на луѓе, а сите биле од службата за безбедност на Путин.

Веднаш по инцидентот тројца од телохранителите кои биле во првиот автомобил исчезнале и засега нивната судбина не е позната.