Loading Video...
Свет
27. јуни 2022 - 16:29

Зеленски до Г7: Војната да заврши пред да почне зимата

Украинскиот претседател Зеленски побара од лидерите на Г-7 да помогнат војната да заврши пред почетокот на зимата. 

Условите за борба потоа ќе станат многу потешки. Дајте се од себе за војната да заврши до крајот на година рече Зеленски во видео обраќањето до лидерите  на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД , собрани во Елмау, Гемранија. 

Лидерите на земјите-членки на Г-7 во заедничка изјава се обврзаа дека ќе „продолжат да пружаат воена, финансиска, хуманитарна и дипломатска помош“ на Украина „колку што ќе биде потребно“. 

На Самитот кој завршува утре, се очекува Г-7 да објави  нови санцкии против Русија поради нејзините воени активности во Украина.