Бизнис
25. September 2020 - 16:54

Зеќири во Фонд за здравство, Лукаревска во УЈП, кои се новите директорски имиња?

Старо нови имиња ќе раководат со клучните државни инстутуции. Актуелната директорка на УЈП, Сања Лукаревска ќе остане на истата позиција, досегашниот министер за транспорт Горан Сугарески ќе  раководи со Царината, Јован Деспотовски од Фонд за иновации заминува во ТИРЗ. Него ќе го наследи Коста Петров, актуелен потпретседател на СДСМ, брифираат за Сител извори од партијата. Уште еден потпретседател на владејачката партија, Мухамед Зеќири ќе биде прв човек на Фондот за здравство, Хари Локвенец, оперативен директор во Телеком, Јани Макрадули Државен пазарен Инспекторат. Николче Бабовски останува во Агенцијата  за финансика поддршка, за  Македонска Пошта  се вратат имињата на Кирил Колемишевски и Горан Герасимовски. Досегашниот директор  Ејуп Рустеми заминува да директорува со Јавното претпријатие за државни патишта. Наумче Мојсовски, Агенција за млади и спорт.

Актуелениот финансиски директор на Здравствен дом Скопје, Бесим Кока најверојатно ќе раководи со МЕПСО, но и синот на Муса Џафери, Аријанит Џафери, се споменува за оваа позиција. Хади Фетиши ќе раководи Државен инспекторат за труд, Башким Ахмети - Катастар, Фатон Положани – Македонски железница.

Се зборува и дека кадар на ДУИ ќе раководи со Агенцијата за електронски комуникации, но мандатот на сегашниот директор Димитријовски истекува на 1 февруари.

Ова се неофицијалите имиња, официјалните одлуки, според премиерот Заев, ќе се донесат до 20ти октомври.  Дел од нив ќе именува Владата, а дел ќе се бираат на конкурс.Според вицепремиерот за борба против корупцијата,за раководни фукнции ќе бидат избрани висински професионални кадри

„Тоа е огромна промена која досега за најголем дел од нив не е законска обврска. Зборувам за нови стандарди, нови пракси кои имаме волја да ги воспоставиме. Кога ќе го отвориме тој процес, сигурно дека тоа ќе биде можност за луѓе со капацитет да се вградат во институциите и во овие четири години кога општеството треба да го трансформираме. Тоа што не било направено со генерации, да почнеме да го менуваме“, изјави Љупчо Николовски вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.

Николовски уверува дека првата работа што ќе ја направи ќе биде и формирањето работа група која ќе предложи мерки со кои ќе се ограничат дискреционите права  на функционерите. На крајот на мандатот на избраните директори  ќе се оценува  нивната работа и ќе се бара одговорност  доколку не го сработиле  она што го ветиле.  Носители на јавни функции, според Николовски, треба да се фокусираат на исполнување на забелешките  од ревизорските извештаи, доколку ги има. А ако тоа не се прави, ќе биде покрената соодветна постапка против нив.