Зехофер: Крај за политиката на „добредојде за бегалците“ во Германија
Германија се откажа од планот за укинување на вонредните мерки за контрола на границите, јави диписникот на МИА од Берлин.
Иако, германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мазиер минатиот месец најави дека мерките ќе бидат укинати, тие сепак остануваат во сила, пред се, поради силниот притисок од страна на Христијанско социјалната унија (ЦСУ), баварската сестринска партија на Хриситијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката АНгела Меркел, но и поради растот на рејтинг на крајно десничарската Алтернатива за Германија (АФД), која се залага за строги мерки против бегалците.
Лидерот на ЦСУ, Хорст Зехофер денеска изјави дека договрот постигнат синоќа меѓу членките на владината коалиција, со кој мерките на границите со соседите продолжуваат, претставува победа на неговиот цврст пристап во решавање на бегалската криза.
Според баварскиот политичар, со договорот се означува формалниот крај на „културата на добредојде“, како што се нарекува политиката на отворени врати за бегалците на канцеларката Меркел.
Повлекувањето од првичните позиции на министерот за внатрешни работи сега го објаснува со безбедноста на надворешните граници на ЕУ, кои според него, се уште не се обезбедени и затоа Германија не ги повлекува вонредните мерки.
Со одлуката се согласиле и социјалдемократите, втората по големина партија во Германија, која е дел од владејачката коалиција.
Ниту канцеларакта Меркел, ниту некој друг од нејзината партија досега не признале дека е направена грешка со политиката на отворени врати за бегалците.
Сепак ако се суди според чекорите што беа направени во меѓувреме, како строгите закони за правата на бегалците, затворањето на балканската рута, договорот со Турција и продолжување на контролата на границите на неодреден период, станува јасно дека Меркел се наоѓа пред силен притисок и внатре во нејзината партија и во јавноста да преземе мерки кои не се на линијата на полиитката што таа ја промовираше.
Ново на Сител
-
Ограбена менувачница во Скопје за 10 илјади евра
-
Кај тројца од жртвите во пожарот во Кочани имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица скршеници на ребра и задушување од притисок при стампедо
-
На патот Неготино-Градско во возило „рено клио“ пронајдени пет мигранти од Египет
-
Тошковски: Не можам да се сложам дека актуелни носители на функции не се дел од истрагата за пожарот во Кочани
-
Две деца на возраст од 11 и 13 години се оддалечиле од Детско село
-
Црвен крст: Досега собрани 48.172.115 денари
-
Хоспитализиран 56-годишен пациент од сообраќајката кај Соколарци
-
Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, велат од „Систина“