Македонија
13. December 2019 - 11:48

Здравев: Законот за употреба на јазиците не може да се спроведува во судските постапки

Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев вели дека е неспорно дека одредбите од Законот за употреба на јазиците не може да се спроведува во судските постапки бидејќи на таков начин ќе се одолговлечат процесите. Според него ваквите забелешки на Венецијанската комисија се коректни, бидејќи и постоечките закони им овозможуваат на граѓаните кои не го разбираат македонскиот јазик да добијат превод. Во однос на законските измени кои ги најави премиерот Заев за да се имплементираат забелешките на Венецијанската комисија, Здравев вели дека тоа зависи од законодавниот дом.

 

Деспина Тодоровска