Збогум Хари - Почина големиот комичар и магионичар
Хари Андерсон, ѕвезда на култната американска ТВ серија „Ноќна судница“ почина во својот дом во Ешвил, Северна Каролина, на возраст од 65 години.
Андерсон е пронајден мртов од страна на полицијата коај влегла во неговиот дом вчера рано наутро. Во куќата немало знаци на насилно влегување.
Андерсон беше магионичар кој стана актер и остана познат по улогата на судијата Хари Стоун во комедијата „Ноќна судница“ која се емитуваше во 9 сезони на Ен Би Си, во периодот од 1984 до 1992 година. За својата улога во ова шоу три пати по ред беше номиниран за наградата Еми.
Имаше и впечатлива улога во познатата серија „Кафулето На здравје“ на почетокот на 80-тите.
По хит хумористичните серии играше и во комедијата „Светот на Дејв“ каде ја имаше главната улога на колумнистот Дејв Бери, серија која се емитуваше 4 сезони.
Играше и во филмовите“Son of the Beach” во 2002 и во 2008 се појави во филмот „30 Rock”. Но поголем дел од животот стоеше понастрана од Холивуд. Се пресели во Северна Каролина во 2006 година откако Њу Орлеанс беше уништен од ураганот Катрина.
Ново на Сител
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции