Балкан
29. July 2015 - 17:19

Заврзан за крст и заклан: Албанци убиле Италијанец поради љубов кон Македонка

Албанецот Иљи Мета (20) со помош на пријателот Марјо Меме (19), го заклал 17-годишниот Италијанец, Исмаеле Лули средe шума, најверојатно поради љубомора, пишува Corriere Della Sera, пренесуваат регионалните медиуми.
 
Според италијанските медиуми, девојката на Иље, Амбера Салиџи (19), со потекло од Македонија, се гледла со Илмаеле, што било повод за страшното злодело.
 
Токму тинејџерката од Македонија ја одиграла клучната улога во ова злосторство, затоа што од нејзиниот телефон на Лули му стигнала СМС порака: „Дојди, сакам да те видам“. Лули по добивањето на пораката заминал да се најде со Амбера на автобуската станица каде претходно се запознале, но место на неа налетал на двете момчиња од Албанија.
 
Мета и Меме го повикале да замине со нив, и со автомобилот на мајката на Мета се одвезле покрај реката која поминува низ шума. Запреле во близина на црквичка, каде Лули добил удар во главата од кој се онесвестил, а бидејќи бил покрупен од двете момчиња, Мета го врзал со леплива лента за железен крст и му ја залепил устата.
 
Тука му го пресекол грлото со нож долг 18 см, по што Мета и Меме се искапале во реката за да ја измијат крвта. Полицијата го нашла ноѓот, како и мобилниот телефон на Лули, од  кој на неговата мајка и на девојката им биле пратени пораки. „Не барајте ме, го менувам животот, одам за Милано“, пишувало во пораките со цел да се забави истрагата. 
 
Откриено е и дека убиецот Мета, на Амбера и пратил порака на албански јазик: „Ќе го убијам“, која била проследена со погрдни зборови. Сепак, Амбера и покрај сé, тврди дека го сака убиецот и порачува дека ќе го чека. 
 
 
„Уморна сум од криење. Ако можете, јавете му на мојот Иље, дека ќе го чекам цел живот и дека секогаш ќе го сакам“, викала Амбера од терасата кон новинар на Corriere Della Sera, кој дошол пред зградата во индустриската зона Лунано, во која живеат албански и марокански семејства.
 
Таа не присуствувала на погребот на Лули, со кој тврди дека немала ништо, иако биле видени заедно во блискиот град Убрин.
 
Карабинерите го лоцирале убиецот со помош на мобилниот телефон кој убиецот го вклучувал и го исклучувал.
 
„Многу млади не знаат да живеат без телефон. Среќа за нас“, вели Антонио Сомезе, командант на карабинерите во Пезаре. 
 
Вера Меме, мајка на соучесникот на убиецот за кој е утврдено дека не бил на местото на злосторството туку чекал во близина, изјавила дека нејзиниот брат во Албанија се убил „од срам“. Убиецот Мета ја презел вината на себе, но рекол дека Меме му помогнал да ја врзат жртвата.