Македонија
16. July 2015 - 16:59

Завршува рамазанскиот пост, од утре почнува славење на Рамазан Бајрам - Рамазанска порака на поглаварот на ИВЗ

Со утринскиот бајрам-намаз кој утре ќе се се служи во сите џамии почнува триденвното славње на Рамазан-бајрам, еден од најголемите муслимански празници. Со тоа завршува едномесечниот пост, со кој верниците се воздржуваа од храна, вода од зора до зајдисонце. Постот преставува и воздржување од лошите мисли, духовно воздигнување на моралните и човечките вредности.

Традиционално поглаварот на ИВЗ упати порака за мир и единство на верниците во земјава.

 Рамазан Барјрам го честиташе и претседателт Ѓорѓе Иванов

- Одбележувањето на овој голем исламски празник не потсетува дека верата, посветеноста и молитвата даваат духовен мир, а почитувањето на блиските и споделувањето со оние кои имаат помалку се универзални вредности за кои сите се залагаме. Солидарноста и меѓусебната доверба се заеднички вредности кои секогаш не обединуваат. Искрено сум убеден дека и во иднина ќе го негуваме меѓуверското и меѓурелигиското почитување, стои во честитката.

Празникот Рамазан Бајрам не враќа на вистинските вредности на семејната блискост, пишува во телеграмата директорката на комисијат за вески заедници Валентина Божиновска.

Нека овој голем празник нè потсети на љубовта која ја носиме во себе спрема Севишниот и дека со негување на добрите мисли и добрите дела можеме да придонесеме за напредок на темелните вредности во нашиот живот и во нашето општество..

Исламот е втора по бројност религија во светот, по христијанството ,  со повеќе од една милијарда следбеници.