Македонија
20. July 2016 - 10:14

Завршува проектот за зајакнување на административните капацитети за животна средина

Со презентација на резултатите денеска во Скопје официјално ќе биде затворен проектот „Зајакнување на административниот капацитет за спроведување на законодавството за животна средина на централно и локално ниво“ што го спроведува Државниот инспекторат за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање со финансиска поддршка од ЕУ преку ИПА фондовите.

На настанот поздравни обраќања ќе имаат министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, директорот на Државниот инспекторат за животна средина Фирус Мемед, Мартин Клауке од Делегацијата на ЕУ во Македонија, шпанскиот амбасадор Рамон Каранса и Петер Верхејен од амбасадата на Холандија во Македонија.