Македонија
6. February 2019 - 8:58

Завршува хуманитарната кампања „Macedonia You are a Sunflower”

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска, ќе има обраќање на свеченото затворање на хуманитарната кампања „ Macedonia You are a Sunflower“ кое ќе се одвива во дворот пред Универзитетска клиника за детски болести.

На свеченоста ќе присуствуваат и пратениците од законодавниот дом кои се вклучија во оваа кампања за помош на децата во Република Македонија, а ќе се обратат и министерот за здравство, директорот на клиниката и градоначалникот на општина Чаир.