Завршни зборови за случајот „Поткуп“
На денешното рочиште во Кривичниот суд треба да бидат изнесени завршни зборови за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев.
Со гледање на снимката објавена на Јутјуб на минатото рочиште заврши доказната постапка во овој случај.
Целосната снимка, пак, поради која Зоран Заев се товари за примање поткуп, беше пуштена на претходните рочишта во судницата без присуство на јавноста. Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го дозволи тоа.
Заев очекува ослободителна пресуда во овој судски процес, бидејќи како што изјави, се работи за монтиран случај со цел да биде спречен да ги објави „прислушуваните разговори“.
Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.
Ново на Сител
-
Федерален судија ја суспендира одлуката на Трамп да му забрани на Харвард да прима странски студенти
-
Облачно со повремени врнежи од дожд
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај