Македонија
20. November 2015 - 8:48

Завршна работилница од проектот за Македонски почвен информациски систем

Во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе се одржи завршна работилница од проектот „Изработка на македонски почвен информациски систем“.

Проектот се реализира со техничка помош од Организацијата за земјоделство и храна на ОН (ФАО) и Министерството за земјоделство.

Работилницата ќе ја отвори ресорниот министер Михаил Цветков, а на неа ќе присуствуваат координаторот на проектот Роналд Варгас, професорот од Факултетот за земјоделски науки и храна Јосиф Митриќески, други меѓународни и домашни експерти кои учествуваа во проектните активности, како и претставници од останатите релевантни институции.