Македонија
10. јуни 2021 - 19:47

Заврши учебната година - Има ли план за од септември?

Без вообичаениот детски џагор и смеа - ваква беше сликата во училишните дворови на последниот ден од учебната година. Дечињата од прво до трето одделение кои следеа настава со физичко присуство среќни си заминаа од последниот час. Велат со нетрпение чекале да почне летниот распуст, но исполнето им било и времето на училиште. И покрај пандемијата учебната година ќе ја памтат по убави нешта. Во училница научиле многу.

Министерката за образование која упати честити до учениците, изминатава година ја оцени како успешна. Но се уште нема информации дали од септември децата ќе се вратат во училишните клупи.

Но опозицијата не се согласува со ставот на Царовска, дека образовниот процес во време на корона криза бил успешен.

За веќе поминатата учебна година до крајот на август учениците беа во неизвесност кога ќе стартува и како ќе се одвива наставата. На нејзиниот крај повторно незнаат дали од септември со сигурност ќе се вратат во училишните клупи.