Македонија
14. July 2022 - 21:19

Заврши првиот ден од собраниската расправа, дебатата продолжува утре

Свирежи довикувања навреди ја одбележаа денешната собраниска седница за францускиот предлог.

Со свирчиња и вувузели пратениците на ВМРО ДПМНЕ го попречија 15-минутно воведно обраќање на премиерот, но ваквата атмосфера не го предомисли Ковачевски. Порача дека Македонија е пред историска шанса да ги стартува преговорите со Европската унија и побара пратенците со чиста совест да го поддржат францускиот документ.

По извиците предавник на Македонија, Ковачевски ја напушти собраниската сала.

Со свирчиња и вувузели ВМРО ДПМНЕ го попречи обраќањето на сите пратеници на СДСМ. Опозицијата два пати го искина, а пратеникот Јован Јаулевски на крајот и го запали францускиот предлог од собраниската говорница.

Собраниската седница продолжува утре во 11 часот, а ќе трае додека правото на збор не го искористат сите 42ца пријавени пратеници за збор.

На крајот пратениците нема да гласаат за или против францускиот предлог туку за заклучоци со коиќе и дадат насоки на Владата како да го води процесот на преговори со Унијата. Овие заклучоци ќе се нодат со просто мнозинство или со поддршка од 41 пратеник.