Заврши општата комисиска расправа по ребалансот на Буџетот, амандманската почнува во понеделник
Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево ја заврши општата рсправа по ребалансот на Буџетот за 2024 година, а седницата на Комисијата ќе продолжи во понеделник со амандманска расправа.
И во текот на денешниот трет ден во дискусиите на пратениците од владејачките партии можеше да се чујат обвинувања дека минатата власт оставила огромна буџетска дупка, која, како што рекоа, сепак ќе биде покриена со домаќинско работење. Опозицијата пак ја обини новата власт дека нема разбирање за потребите на граѓаните и оти давала лажни ветувања во предизборитето.
За власта ребалансот е спас на земјата од банкрот, почеток кој најавува жестока инвестициска офанзива и борба против криминалот и корупцијата, а за опозицијата показател дека Владата е во тотален хаос, без визија и капацитет да спроведе реформи и да ги реализира ветувањата.
Општата расправа за ребалансот траеше три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, ќе трае шест дена. На првиот ден од расправата, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон.
Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.
Ново на Сител
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад