Заврши двонеделниот марш за мир
Илјадници Израелки и Палестинки пристигнаа во Ерусалим, со што е завршен двонеделниот марш кои го поминаа низ Израел и Западнииот Брег барајќи постигнување мировен договор.
Маршот во организација на движењето „Жени за мир“ почна на 24 септември и во него учествуваа жени, кои биле жртви на насилството во израелско-палестинскиот судир.
Неколку илјади жени, поголемиот број Изреалки синоќа доцна пристигнаа во Ерусалим. Тие носеа бела облека и транспаренти со кои се апелира за мир.
- Израелките сакаат, ако е можно, да ја спречат следната војна и се обидуваат што е можно побрзо да се постигне договор помеѓу Израелците и Палестинци. Овој марш не е само уште еден протест, туку начин да се каже дека сакаме мир и заедно можеме да го постигнеме, изјави една од организаторките на маршот, Мари-Лин Смаџа.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за интерпелацијата на Коцевски, дали државниот Јавен обвинител ќе биде разрешен?
-
Утре состанок на социо-економскиот совет, ССМ ќе бара зголемување на платите за 6000 денари
-
Министерката Јаневска и премиерот на увид во градежните работи во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу
-
„Вкуси го Охрид локално – Празник на локалната храна, културата и занаетчиството
-
Штип „безбеден град“ – инсталација на 24 часовен видео надзор
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ