-->
-->
Заврши државниот карантин за 99 лица во хотел Молика, примени нови 94
-->
Заврши 14 дневниот државен карантин за 99 лица кои беа сместени во хотелот Молика на Пелистер. Лицата го напуштија хотелот на 15 април годинава.
Во текот на вчерашниот ден, по извршена дезинфекција и потребни подготовки, соопштија денеска од АД Електрани на Македонија, во објектот се примени нови 94 лица кои, согласно новите одредби, ќе бидат во продолжен државен карантин од три недели.
Новата група ја сочинуваат граѓани кои се вратени од Турција, Словенија, Швајцарија и Австрија.
За потребите на државните институции на располагање се ставени и хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка, ,,Славија’’ и ,,Попова Шапка’’, каде во следните денови се очекува исто така да истече карантинскиот период на 154 лица кои во моментот се сместени таму.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости