Заврши деветтиот и последен летен камп по веронаука
Во македонското древно светилиште Бигорскиот манастир и неговиот метох „Свети Георгиј Победоносец “ во дебарското село Рајчица, заврши деветтиот и последен летен камп во веронаука.
Последни манастирски гости беа триесеттина деца од Скопје и Битола.
- Уште еднаш имавме можност да видиме на дело една прекрасна преобразба на детските души. Бидејќи детските души се како најчисти, најнежни цветови и огреани од светлината на Христовата љубов, напоени со „водата која тече во вечен живот“, на живоносното Христово слово, тие се преобразија во прекрасни миризливи и раскошни кринови, кои блескаат и насекаде сведочат со чистото белило на Христовата вера, љубов и надеж, велат сестрите од раичкиот манастир.
Овие наши последни гости од Скопје и Битола, додаваат сестрите, оставајќи засекогаш трага во нашите души, ни ги оставија и своите впечатоци од неколкуте дена што ги поминаа во нашите две светилишта.
Во нив децата посебна благодарност искажуваат за игуменот на Бигорскиот манастир,Анхимндрит Партениј, кој со несебична грижа и безусловна љубов ги прими овие деца во манастирските прегратки.
Инаку, во рамки на деветте летни кампови во двата манастира престојуваа над 350 деца од повеќе градови од државава. Тие се запознаваа со највозвишената наука за Бога, знаењето за љубовта, верата, надежта, радоста, а учествуваа и во практични манастирски задолженија.
Ново на Сител
-
Нов топлотен бран во Македонија до средина на идната недела
-
Вработени на Клинички револтирани по најавите за поскап паркинг - Синдикатот бара итна средба со Алиу
-
Над 60 лица вработени во Флораком и Луна си ја бараат јунската плата - Денеска излегоа на протест
-
Последна опомена од Дурмиши до трговците
-
Српската Алта Банка на чекор до проширување во Македонија
-
Бранителите на Карпалак ја дадоа најголемата жртва за Македонија, ниту смееме, ниту можеме да ги заборавиме
-
Одобрен планот на Нетанјаху за контрола врз Газа - Странските лидери повикуваат да ја преиспита одлуката
-
Во Прилеп синоќа започна одбележувањето на годишнината од Карпалак